
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христајан Мицкоски, обелодени денеска дека го поканил на соочување премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитер Ковечевски, што овој го одбил.
„Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.
Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.
Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!“, објви Мицкоски на социјалните мрежи.