
Турција ја погоди катастрофален земјотрес од 7,8 степени во кој досега загинаа повеќе од 2.300 луѓе, а повеќе од 6.000 се повредени. Веќе е пријавена и првата жртва од спортскиот свет, тоа е голманот Ахмет Ејуп Туркаслан.
28-годишниот Туркаслан беше дел од тимот на Јени Малатијаспор и се најде во една од зградите која се урнаа во земјотресот. Неговата сопруга била спасена од спасувачите, а по неколкучасовна потрага, тие го пронашле телото на Туркаслан.
Исто, се трага и по поранешна ѕвезда во Премиер лигата. Како исчезнат се води Кристијан Атсу, 31-годишникот кој беше дел од Хатајаспор, а претходно играше за Њукасл Јунајтед, Евертон, Челзи…
Се трага и по повеќе функционери од клубовите од Турција, а фудбалот во моментов е во прекин.