
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски оствари средба со Војциех Тицињски, Амбасадор на Полска во Македонија.
На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.
Во однос на политичките случувања, претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Тицињски за големиот број на скандали и афери поврзани со владини функционери, нагласувајќи дека земјата тоне во криминал и корупција, додека граѓаните живеат се посиромашно.
-Се случува ДУИЗАЦИЈА, корупцијата цвета како никогаш до сега, а Ковачевски е директно одговорен за сите скандали, и токму затоа државата е оценета негативно по сите параметри, а тоа го потврдуваат и сите меѓународни истражувања. Решението од ваквата ситуација е одржување на предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промена и нова иднина и надеж за сите граѓани, истакна на средбата Мицкоски.
Воедно, уште еднаш беше потврден ставот на партијата, а тоа е дека Македонија мора да биде дел од големото европското семејство, но без дополнителни уцени и барања од бугарска страна.
Соговорниците се согласија да ја продолжат работата и меѓусебната соработка, информираат од партијата.