
По утрото со ниски температури за овој дел од годината, во петокот преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат меѓу минус 2 и 7, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 10 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска наутро е свежо, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со највисока температура до 20 степени.