ВИДЕО| Вие сте првиот човек што треба да ги придвижи работите – Не знам дали ве интересира додека си чепкате по телефонот?!

Министере знаете ли колку оружје има во основните училиштата? Јас вчера во мојата актерска школа направив анкета, тоа се деца од 8 до 14 години сите 80 ми кажаа дека има ножеви во нивните одделениа. Како тоа мислите да го регулирате – го праша актерката Весна Петрушевска, министерот за образование Јетон Шаќири, на дебата на тема „STOP BULLYING“.

„Куцкањето“ на телефон изгледа беше многу поважно за министерот за образование Шаќири од тежината на овие шоканти зборови со кои актерката Весна Петрушевска предупредуваше дека ако итно не се преземат мерки, српското сценарио ќе се случи и во Македонија.

„Во суштина вие сте првиот човек на нештата кои што треба да да ги придвижат работите. И тоа е голема одговорност. Не знам дали ве интересира додека вие чепкате во вашиот телефон” му се обрати Петрушевска.