
Пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо даде свое мислење за тимот на Ферари.
Алонсо беше член на Ферари од 2010 до 2014 година.
– Со Ферари бевме во борба секоја сезона и речиси никогаш не правевме грешки. Двапати се боревме за титулата до последната трка. За моја среќа и за Астон Мартин, сега Ферари е понестабилен отколку кога бев таму, вели Алонсо го цитира „SoyMotor“ Алонсо.
По пет етапи од тековната сезона во Формула 1, Фернандо Алонсо е на третото место во Генералниот пласман на пилотите.