
Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа седмиот пораз на Европското првенство во ракомет на плажа.
Во португалскиот град Назаре, подобра од Македонија беше селекцијата на Франција со 2-0 во сетови.
Франција првиот сет го доби со 16-9, додека избраничките на Златко Мојсоски беа поконкурентни во вториот сет, па загубија со 17-12.
За Македонија останува уште една средба, односно борбата за избегнување на последното место на ЕП.