
Интегрален текст од Фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Тргнувајќи од континуитетот на историското ВМРО, како зачетник на организираната борба за слобода на Македонија;
-Изразувајќи благодарност на генерациите борци за создавање на сопствена, слободна и независна држава;
-Разбирајќи ја Македонија како земја која претставува хармоничен спој на сите луѓе, култури и вредности кои функционираат во неа;
-Причина, но и цел на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ претставува возвишениот идеал за слободна, независна и просперитетна македонска држава;
-ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и штити македонските државни и национални интереси, негувајќи ги европските и универзалните хуманистички вредности.
-ВМРО-ДПМНЕ им се обраќа на сите луѓе, групи, заедници и религии воМакедонија.
(*Извадоци од Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ)
Нека е честит 17ти јуни
Триесет и три години ВМРО- ДПМНЕ.