
Два руски борбени авиони од составот на дежурните сили на руската протввзидушна одбрана беа кренати во воздух во понеделникот за да пресретнат две американски разузнавачки беспилотни летала кои се приближувале кон руската државна граница над Црното Море близу полуостровот Крим.
Станувало збор за американските беспилотни летала од моделите „MQ-9 Reaper“ и „RQ-4 Global Hawk“ на американските воздухопловни сили кои биле упатени кон Крим, стратешкиот полуостров во Црното Море чие владеење отвора простор за напади врз Русија.
„Кога е откриен летот во насоката на границата со руската држава… беа испратени два борбени авиони да спречат можно кршење и да ја спречат мисијата на разузнавање со беспилотните летала“, обајви руското Министерство за одбрана.
Москва повеќепати го предупреди Вашингтон дека ваквите мисии кои служат за предавање податоци на Киев за изведување напади врз чувствителни руски цели на Крим, за што ќе следува одговор, како што беше соборувањето на американското лелтало „MQ-9 Reaper“ минатото лето во истата област.
„По доаѓањето на руските авиони во областа, беспилотните летала ја променија насоката на летот и ја напуштија зоната на изводување“, додава руското министерство.
Инцидентите на престретнува на руските авиони на беспилотните летала и разузнавачки авиони на САД и НАТО се чести особено по превратот во Киев во 2014 година, а зачестија последните месеци во заднината на украинската протиофанзива започната на почетокот од јуни.
Такви инциденти се случуваат и над Балтичкото Море, а руското Министерство за одбрана и во неделата извести дека било пресретнато американско беспилотно летало кое се приближувало на Крим, што е најмалку третиот таков случај од почетокот на август.