Ахмети доби јасна порака од холандскиот амбасадор – да престане со политички притисоци и злоупотреби

Во вечерашното гостување во емисијата „Шеш Беш“ на радио „Лидер“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во однос на средбата на холандскиот амбасадор со Али Ахмети, тој посочи дека тоа е јасна порака од страна на Европската Унија да се престане со злоупотреби и партизација.

„Јасни се пораките и еве да му одговорам на Али Ахмети и на  неговите пораки што ги испраќа дека тие биле про ЕУ и тие ќе не внеселе во ЕУ и дека биле фронт за Европа. Јасни се пораките од ЕУ – да се престане со лажење и злоупотреби, партизација,  кронизам“, рече Стоилковски.

Тој истакна дека законот треба да е еднаков за сите.

„Прашањето е што е пораката и зошто холандскиот амбасадор оди кај Али Ахмети да разговара за политичкиот притисок врз Врховниот суд?“, праша Стоилковски.

Стоилковски истакна дека ова е јасна порака од два аспекти.

„Прво, затоа што тие се изворот на политичкиот притисок врз Врховниот суд и состојбите во судството и второ зошто оди директно таму, а не седне прво со премиерот во државата?“, заклучи Стоилковски.