
На девизните пазари во претпладневното тргување во средата благо зајакна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 103,87 поени, додека во вторникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,68 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,30 на 151,35 јени, што е највисокото ниво во последните четири месеци.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0870 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,19 отсто, на 87,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,31 отсто, на 83,20 долари.