
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, доби шанса како никој негов претходно што немал, еве петти- шести месец веќе, иако ние имаме комотно мнозинство кога сакаме да го разрешиме од таа позициј, ние не правиме исто што и СДСМ во 2017 година по секоја цена да го разреши државниот јавен обвинител и на тој начин политички процеси да покрене против тогашната опозиција, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
„Ние одлучивме да бидеме над таа ситуација, да размислуваме надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. Што добивме? Добивме стотици истраги и процеси и обвинители кои што кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лушување од слобода, или добиваат наеднаш грозница и покачена температура, грчеви во стомак и диареа или се трудат на било кој начин да го опструираат процесот. И навистина на граѓаните трпението им е при крај, но и нашето“, истакна Мицкоски.