Доларот слабее четврти ден со ред, нафтата поскапува

На валутните пазари во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна ставајќи го во насока кон првата седмичназ загуба по шесте седмици раст.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскаа во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,94 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,02 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,05 на 155,55 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0295 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0285 долари.

Цените на нафтата вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,58 отсто, на 81,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,80 отсто, на 79,30 долари.