
Македонските ракометари изиграа одличен натпревар против селекцијата на Катар на Светското првенство во Вараждин.
Нашите момци излегоа како големи победници од денешниот напревар со резултат 39:34.
Пешевски и Кузманoвски дадоа по шест гола, Костески и Митев по 5, Лазаревски 4…
Со водство го завршивме и првото полувреме, со резултат 21:17.
Колективната игра бепе најсилно оружје на нашата репрезентација попладнево, со оглед што имавме дури петмина „најдобри стрелци“, па противникот не знаеше од каде попрво да се брани. Филип Кузмановски одново одигра капитенски и заедно со Жарко Пешевски беа најефикасни со шест голови, зад него беа Марко Митев и Ненад Костески со по пет погодоци, додека одличен беше и Милан Лазаровски со четири „тресења“ на противничката мрежа. За одбележување се и трите гола на Никола Маркоски, кој најчесто игра во одбрана и ретко кога се наоѓа во ситуација да ја затресе противничката мрежа.
Пешевски денеска беше одличен со шест гола, а исто толку постигна и Кузмановски, по пет имаа Костески и Митев, а четири Лазаревски.
Македонија сега има четири бодови и е изедначена на втората позиција на табелата со Холандија, а пред Унгарија и Австрија со три бода и секако Катар, кој е без бодови. Овој изглед на табелата, кој и тоа како ни годи, сепак, ќе претрпи промени на крајот од денет со оглед што противниците треба допрва да ги одиграат своите мечеви и тоа Унгарија против Австрија (20.30 часот) односно Холандија против Франција (18 часот). Токму француската селекција е последниот ривал на избраниците на Кирил Лазаров во втората фаза во Вараждин и тоа во меч закажан за в сабота (20.30 часот).