Дeвствената проститутка „ЗНМ“

Нешто лично за Боби Христов.

Доколку АД Макпетрол како основач на ТВ Телма пристапи кон корпорациска култура, тогаш Боби би морал да биде казнет поради тоа што неговиот гостин Александар Чомовски формално ги обвини дека донеле пари од УСАИД и со тоа го нарушиле независното новинарство, а Боби не го исфрли од емисија. Чомовски беше во стилот како и неговите другари од ЗНМ-Девствена Проститутка. Демек он независен новинар. Ама Виктор Грозданов е стара чекалица кога Чомовски е во прашање.

Боби Христов воопшто не е крив, а јас во стилот на покојниот Чичко Адем Кочан можам само да заклучам: „Стара курва си ти Чом“.

И не само тоа, туку ја напушти ТВ Телма и премина да биде „Копиљакот на Боки Тредичи 13“ во 1ТВ каде со неговото другарче имаат исти стил само кој каде стигне нуди Пи-Ар и маркетинг услуги. Замисли другарчето му си земал 297.000 денари од следниве лица: Роса и Васко, загрижен за топлотата во Скопје и соодветни Илирики ова она итн.

Боби уживај и не се тревожи од вакви ликови. Башка Виктор има влијание кај новите советници за АВМУ. Засега се четворица и прво што ќе прават е да го објават Чомовски како го работел проектот од јавен интерс со народни пари. Има бркчињата да му треперат. У твоја и на сите нормални некорумпирани новинари чест другар Боби Христов. И поздрави ми ја Снеже Лупевска Созен.

Се молат ЗНМ и ССНМ да се сетат како ги тероризираа следниве:

  1. Нова ТВ на чело со Билјана Трендафилова, Гоце Михајловски, Анита Петровска Рајковиќ итн
  2. Фамилијата Кочан и 1.100 вработени од Трансмет
  3. НетПрес демек земал од Владата на РМ 6.000 евра месечно во рок од 10 години и на крај излезе само 6.000 евра за 10 години и тоа од маркетинг агенција, не од владата
  4. и сите останати;

Значи ги обожавам 360 степени како продукција. Со нивните прилози за изборот на членови на АВМУ (Агенција за медиуми) и посебно со изјавата на Снежана Трпевска, најголемиот научник теоретичар за регулација на медиумите, ја докажаа мојата теза дека поради раководството ЗНМ се елементарно неписмена организација во моментов и дека ги интересира само како да дојдат до хонорари.

Од номинатор за членови во Агенцијата Младен Чадиковски и компанија се само неми порджувачи. Никакво влијание немаат.

Имам едно прашање: Зошто бе другарчиња молчевте за пропаднатите избори кога на власт беа СДСМ? Зошто се пазаревте за Вас лично, мала група која ја уништува велелепната институција ЗНМ.

Сега као демек нешто се бунат. Наместо кога слушнаа дека се дава по 5 (пет) минути за претставување од страна на комисијата да побараат сите кандидати да се повлечат, они молчеа.

За разлика од нив за мене лично парламентарната комисија е Збирштина од 13 пратеници, а за Снежана Трпевска изборот е лакрдија.

Инаку комисијата му стави етикета на Христијан Мицкоски дека е носител на заробена држава, а среќно тријат раце Младен Чадиковски и Фани Каранфиловска и си викаат ќе има паричиња.

Сепак зошто се ДЕВСТВЕНИ ПРОСТИТУТКИ? Еве одговор со три приказни кои се поврзани со Апасиев, Најчевска-Бунтур и еден струмичанец и за крај Христијан Мицкоски.

Приказна прва

Големиот научник од една политичка партија кој се претставува професор по некакво право повика на следново: Родителите ќе си ја земат судбината сами во свои раце.

Ова неугледно човечко суштество за еден глас повеќе во неколку наврати повикува на линчови и војни, а ова е во конкретниот случај со онаа преубава девојка Фросина која трагично го загуби својот живот од едно невоспитано момче кое ја уништи нејзината иднина, ја уништи нејзината фамилија, ја уништи својата фамилија и на крај сам се уништи.

За другарот неугледно човечко суштество да го потсетам и другото дете има фамилија и тоа родител воено лице. А, што ако тој тргне и тоа по тебе и твоите полтрони, па Ве изрока како кучиња и Ви се обрати еве сега јас немам што да изгубам говеда говедосани. Пак да повикувате на линч. Ова може да биде сурова вистина.

За разлика од она неугледно човечко суштество од политичката партија Левица со сето внимание кон фамилијата која има право да бара сериозна правда, јас повикувам да престане линчот посебно од новинари и политичари.

ЗНМ молчи! Што очекуваш од Девствени Проститутки?

Приказна втора

Мирјана Најчевска исфрустрирана од кога доби интелектуално-образовно и новинарско торнадо кај Иван Мирчевски се појави фрустрирана во „Само Вистина“ и го нареше Петар Богојески-Бунтур дека е глуп ко точак. Девствениве проститутки-ЗНМ нормално молчат, они не виделе итн.

А, замислете Бунтурот да и вратеше: „А, ти си ружна ко Багдадски Лопов“. АУУУ!

Па, тоа стрелачки вод имаше да бараат овие Девствениве Проститутки-ЗНМ и тоа да се изврши со топ дониран од братска Северна Кореа.

Пред извесно време Зоран Божиновски навреди еден сериозен струмичанец споменувајки му ја сестрата и двете ќерки близначки во тотален негативен и сексистички контекст. Бидејки го знам лично се надевам дека ќе оди на суд. Но, што ако тргне на некоја втора опција?

Ве видам ли да започнете протести за овој неранимајко, да не се лажеме набавувам палета бехатонски плочки и од блиската зграда има да Ве гаѓам како Бошко Буха. Па, до кога имате намера да молчите на Вашето раководство кое Ве злоупотребува за нивни комбинации? Они демек не читаат, Божиновски не бил нивни член, ама го бранеле новинарството. А, ќе го бранат ли Миленко Неделковски? Дај освестете се и превземете си го здружението, престанете да бидете слепи при очи. ЗНМ е институција, а не приватна спрдачина.

Приказна трета

Нешто многу лично за Христијан Мицкоски од човечки аспект. Има три работи кои се изнесоа во јавноста од страна на личности кои гневот ги има зафатено и на нив гледам дека Христијан не реагира, ама не заборава. Но, овие другиве се најдолното морално и етичко човеково соединение кое е познато на било која наука прифатлива за разумот на човекот. Има три вистини за Христијан, а кои членови на ЗНМ во скриени кулоари ко најголеми „буљашчиња“ се потсмеваат.

Вистина прва

Христијан Мицковски во Италија има студирано, а не дека се лечел од опијати говеда „буљашки“. За Вашите кампањи јас бев еден (на инсистирање на Зоки Пинто Струшкио) од тие кои ја пренесоа кампањата која сакате да ја злоупотребите и тоа на еден од родителите. Професорот господин човек. Никого не опцу, и тоа за свое дете.

Вистина втора

Ментор на Христијан Мицкоски не е неговиот татко. Со кое право го негирате докторатот на Христијан? Па, на Машински факултет сопругот на Ана Павлова е исто син на професор и човекот беше одличен декан и е супер професор како што се и други синови и ќерки. Круша под круша паѓа, а не како кај Вас оговарачи од новинарството на ливада во Сахара. Патем за да пукнете од мака. Со менторот на Христијан си честитавме Нова Година на 1 јануари кај Зоки Пинто Струшкио и разговаравме воедно и за Луково Поле и Горан Ковач (целата вистина за оваа брана ќе ја објавам токму на НетПрес и целата вистина за Екологистите) и он ми вели: Сега да ги смениме сите возила на струја, ние немаме струја за да ги наполниме. Е тоа е менторот.

Вистина трета

Најодговорно тврдам дека Христијан Мицкоски никогаш не бил член на ЛДП. Јас ги имам списоците бидејки бев претседател на ОО на ЛиДеМ-Карпош. А, со мене беа следниве личности:

  1. Аница Томшиќ – сега советник на Народниот Правобранител на Хрватска за тортура и нечовечко постапување и претставник на Хрватска за темата во ООН;
  2. Татјана Стојановска Иванова – нема научно-образовна титула која ја нема освоено, професор на Филозофски факултет, социологија
  3. Горан Садикарио – директор на Меморијаниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
  4. Душан Томшиќ – член на антидискриминаторска комисија;
  5. Борис Арсов – раководител во АЕК и кандидат за АВМУ;
  6. И редици други убави личности;

Но, има еден навистина се сеќава на него. Оној што ме наследи како претседател, денес магистер и раководител во Општина Карпош се вика Петар Теов и ми вели: Јас и Христијан делевме канцеларија во ФОНКО.

Е, ова е разликата помеѓу мене и вас хохштаплерчиња кои ја доведовте ЗНМ да ја нарекуваме Девствена Проститутка.

И затоа си ја посветувам сам на себе од Пеце Суперхикс (и он беше член на ЛиДем некогаш, ама во Центар) легендарната: Рам пара Рам прараррарам итн.

Да живее Македонија!