Изгоре викендица во село Идризово

Изгоре викендица во село Идризово, притоа биле зафатени и соседните дворови..

На 28.02.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Идризово,скопско на место викано „Наово“ настанал пожар во викендица, сопственост на И.Г.(84) од Скопје.

-Од пожарот зафатени биле и соседните дворови, сопственост на В.М.(52) и Р.М.(73). Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, информира МВР.

Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.