Возач на мопед и малолетен сопатник тешко повредени во сообраќајка во Куманово

Во сообраќајна несреќа меѓу во Куманово патничко возило и мопед со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник.

На 01.03.2025 во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„Трајко Прокопиев“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(42) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.