
Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отпочнување со реализација на проектите во општина Илинден.
-Ве известуваме дека во срадата (05.03.2025 година) во 11:00 часот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден и тоа:
-Изградба на сервисна улица 19 во УП за село Илинден, Марино и делот од КО Кадино Блок 32;
-Изградба на улица 500 и армирано бетонски плочест мост над одводен канал кај меморијален центар во населба Јака, населено место Марино;
-Изградба на дел од новопроектирана улица 20 во населено место Јака.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски во населеното место Јака во Марино, информираат од прес службата на владата.