Македонските Хрвати сакаат да влезат во Уставот за да си го зачуваат идентитетот

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во тродневна посета на нашата држава.

Односите меѓу двата народи се пријателски и секогаш постои партнерство, пријателство и симпатии бидејќи не врзуваат историски врски, изјави претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ на прес-конференцијата со неговиот македонски колега, Африм Гаши.

Јандроковиќ посочи дека хрватското малцинство во Македонија е гордо што е овде и ја почитуваат оваа татковина, но и се горди на своите хрватски корени. Вели дека истото важи и за македонското малцинство во Хрватска.

За европскиот пат на Македонија, Јандроковиќ изјави дека знае како се соочуваме со проблеми и како нашето членство во НАТО беше исполнето со пречки, но и дека се уште постојат пречки, изразувајќи ја хрватската
поддршка и понатаму да истраеме во тој пат и да ги решиме тие проблеми.