
Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката сезона, објави Вицепремиерот, Александар Николоски на својот Фејсбук профил.
-Коловозот се реконструира и се предвидени одредени проширувања на коловозните ленти со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни движењето за време на туристичката сезона, потенцира во објавата Вицепрениерот Николоски.
Продолжуваме со реконструкција на магистралните патиштата преку инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта.
Ја градиме Македонија, нотира во објавата Вицепремиерот, Александар Николоски.