Романија: Забрана за крајниот десничар Џорџеску да се кандидира на претседателските избори

Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на крајниот десничар Калин Џорџеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај, иако и тој и натаму е водечки во сите анкети.

Одбивањето на неговата кандидатура, осудено од лидерите на тврадата десница како недемократско, сè уште може да биде оспорено пред Уставниот суд.

Илјадници негови приврзаници се собраа пред седиштето на изборната комисија во неделата вечерта , скандирајќи „Слобода“ и накратко се обидуваа да го пробијат безбедносниот кордон.

Џорџеску, водечкиот кандидат на поништените претседателски избори во Романија, се кандидираше во петокот за повторени избори во мај.

Романскиот највисок суд ги поништи изборите два дена пред вториот круг на гласање во декември, наведувајќи ги наводите за наводно руско мешање во корист на Џорџеску, што Москва ги негираше а Букурешт не пружи ниеден конкретен доказ освен бербално обвинување.

Трите излегувања на гласачките места за избор на претседател и парламент ја фрлија романската политика во хаос откако Калин Џорџеску, претходно малку познат краен десничар победи во првиот круг од претседателските избори на 24-ти ноември, а испадна фаворизираниот социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку. Во вториот круг на 8-ми декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, требаше да се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.

Изборите беа поништени откако државните документи покажале наводно дека Џорџеску, критичар на НАТО кој ги пофалил романските фашистички лидери од 1930-те, имал полза од „нечесната кампања“ на социјалните мрежи, „најверојатно организирана од Русија“, обвинувања што Москва ги негираше.

Членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во прв ред потпреседателот ЏејДи Венс минатиот месец на безбедносниот форум во Минхен, исклучително остро критикуваше дека поништените избори во Романија се пример за тоа како владите до Европската унија ја поништуваат волјата на гласачите, ги задушуваат своите политички противници од крајната десница и слободата на говорот.

Џорџеску ја поднесе својата кандидатура до централната изборна канцеларија во петокот, додека неколку стотици поддржувачи вееја знамиња и го скандираа неговото име.

„Заедно, ја прифаќаме администрацијата на Трамп и Венс поради нашите заеднички вредности, имено мирот, демократијата и слободата“, им рече Џорџеску на новинарите, предупредувајќи дека обидот да се блокира неговата кандидатура нема да успее.

„Целиот свет ја гледа Романија“, посочи Џорџеску.

Романските власти, жестоко критикувани за масивна корпуција поради што партиите од крајната десница на неодманешните парламентарни избори тиркратно го зголемија бројот на освоени мандати, го истражуваат Џорџеску во кривична истрага по шест точки, вклучително и за навод членство во фашистичка организација и давање лажни информации за финансирање на кампањата. Тој негираше каква било вина.

На товар му се сатава дека наводно ги пофалил романските фашистички водачи од 1930-те како патриоти и маченици и изразик восхит и за Трамп и за рускиот претседател Владимир Путин.

Останува нејасно дали Џорџеску, кој се противи на воената поддршка на Романија за Украина во војната против Русија, ќе може повторно да се кандидира за претседател. Имено, и во октомври минатата година, Врховниот суд му забрани на претходно малку познатиот крајно десничарски политичар да се кандидира за функцијата. Критичарите тогаш жестоко се спротиставија дека судот ги надминал своите овластувања со овој потег.