
Луксембуршката Воздушна Спасувачка Служба (Luxembourg Air Rescue – LAR) учествуваше во итна медицинска евакуација на пациенти од Македонија. Четворица пациентите се транспортирани од земјава на лекување во Унгарија и во Хрватска.
По катастрофалниот пожар во ноќен клуб во Кичево, кој одзеде 59 животи и повреди 155 лица, Македонија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници.
Луксембург беше една од деветте земји на ЕУ кои понудија итна помош, при што LAR транспортираше двајца пациенти од Македонија до Унгарија за специјализирано медицинско лекување, и двајца во Хрватска.
До денеска вкупно 76 пациенти се пренесени на лекување во странство. Последни се транспортирани ноќеска во Хрватска 2, во Атина 3, во Виена 2 и во Словенија двајца пациенти.
Планирани се препраќања на уште неколку пациенти за што македонските здравствени власти се во комуникација со здравствените власти и болници во Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.