
Полска и балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија се повлекуваат од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини, се вели во заедничката изјава во вторникот четирите земји-членки на НАТО, кои се граничат со Русија.
Употребата на противпешадиски нагазни мини е предмет на контроверзии. Договорот од Отава го забранува овој тип оружје, иако САД и Русија не се меѓу 164-те земји што го ратификуваа. Украина го стори тоа во 2005 година и беше обвинета од ОН за прекршување на своите обврски.
Напуштањето на договорот од 1997 година поради наводната воена закана од соседна Русија, ќе им овозможи на споменаите земји повторно да почнат да складираат нагазни мини.
Во ноември 2024 година тогашниот американски претседател Џо Бајден непосредно пред заминувањето од Белата куќа одлучи да испрати противпешадиски нагазни мини во Украина. Белата куќа тогаш објави дека верува дека оружјето ќе му помогне на Киев да го „забави“ напредокот на руските сили.
Според тогашниот напис на The Washington Post оружјето ќе се користи само на територијата што САД ја сметаат за украинска територија. САД претходно ја снабдуваа Украина со „мини Клејмор“, кои исто така се дизајнирани да убиваат војници, но за разлика од нагазните мини се поставени над земја и може да се активираат од далечина. Вашингтон, исто така, обезбеди касетно оружје, вклучително и ракети и артилериски гранати, кои многу американски сојузници ги забранија поради долгорочната закана за цивилите што ја претставуваат.
„Воените закани за земјите-членки на НАТО кои граничат со Русија и Белорусија значително се зголемија“, се вели во заедничката изјава на министрите за одбрана на овие земји.
„Со оваа одлука испраќаме јасна порака: нашите земји се подготвени и способни да ги искористат сите неопходни мерки за да ги одбранат нашите безбедносни потреби“, се вели во заедничката изјава на министрите за одбрана на земјите.
„Планираното повлекување е направено за да се овозможи ефикасна заштита на границите на регионот“, изјави во посебна изјава литванскиот министер за одбрана Довиле Сакалиен.
Финска во декември соопшти дека размислува и за повлекување од меѓународниот договор поради лажното тврдење за наводна руската употреба на такво оружје во Украина.