ВИДЕО| Девојката што го воздигаше Заев, денеска на протест во Кочани

„Вие господине Заев сте единствениот човек во последниве две декади кој ја тргна маската од вештачкиот лицемерен национализам кој што се криеше зад зборот демократија. Вие господине Заев ја сменивте историјата на Балканот кој што во умот на секој интелектуалец низ целиот свет постои како црна дупка сѐ уште поради разорниот конфликт, поради национализмот, поради лажниот патриотизам кој ништо не донесе освен раздор и конфликт. Вие господине Заев сте најголема мотивација“.

Вака го величеше поранешниот премиер Зоран Заев, Сања Боризовска од Куманово, активистка на СДСМ.

Денеска, оваа девојка спонтано се појави и на протестите за пожарот во Кочани и бара промени.

Многу треба да направиме за да смениме. Прво од нас да почнеме. Да престанат политичарите да се сликаат покрај повредени деца да ги користат за политички цели. Да не ја заборавиме оваа трагедија, вели таа.