Со погребот во Кочани ќе чиноначалствува г.г. Стефан

На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.

Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA.

Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов утрово упати апел да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 претежно млади лица, а 178 се повредени.