Иван Лефков ги демантира измислицте на Инфомакс: Цел град знае кој му е адвокат на Деко! Веста е целосно измислена

Адвокатот Иван Лефков од Кочани демантира објава на Инфомакс.мк во која се навеудва дека е адвокат на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката Пулс.

-Во врска со објавата на Инфомакс дека сум адвокат на Дејан Јованов сопственикот на дискотека Пулс демантирам дека во предметот на Основен суд Кочани К-170/13 помеѓу обвинетите не е сопственикот на дискотеката, туку лице со исто име и презиме роден 1984 година, а јас сум бранител на првообвинетиот Горан, може да видите на записникот. Срамота, пишува Лефков во објавата на Фејсбук и додава:

-Немам никаква врска со сопственикот на диското, ниту некогаш сум имал ангажман. Цел град знае кој му е адвокат на Деко! Веста е целосно измислена. Сите што ме знаат и познаваат знаат дека ова е лага и измислица, ќе доставам и докази, а од Инфомакс барам јавно извинување! Во меѓувреме, сите мои коментари на објавата на Инфомакс се избришани и сум блокиран, а од нив немам одговор на пораката, доказ дека целта е да бидам оцрнет, но мојата совест е чиста. Каде на вас ќе ви оди душата!