
Независниот студентски сојуз е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери.
Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност. Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме. Поради тоа нашиот собир закажан за утре во 13:00 часот пред платото на УКИМ се откажува, додека целосно не ги дистанцираме обидите за политичко влијание, велат од НСС.
Оттаму дополнуваат:
За дополнителни чекори ќе ве известиме во наредниот период. Повторно апелираме партиите да стојат на страна од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање!