
Американскиот долар е вообичаено познат како една од оние сигурни валути, но бидејќи според некои проекции на американската економија ѝ се заканува остро забавување на растот, па дури и рецесија, вредноста на зелената банкнота во однос на кошницата валути падна за околу 1 отсто минатата семица, додека јапонската и швајцарската валута значително зајакнаа.
Утрово индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 102,80 поени, додека во петокот вечерта на затворањето на тргувњето изнесуваше 102,89 поени.
Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за дополнителни 0,7 отсто, на 145,90 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската за 0,25 отсто, па цената на еврото достигна 1,0985 долари.
Доларот во петокот беше поддржан од изјвата на претседателот на американската централна банка Џером Пауел, кој рече дека Fed нема да брза со намалување на каматните стапки, туку ќе почека додека не стане појасно влијанието на потезите на Трамп врз економијата.
Пауел рече и дека најавените царини се значително повисоки од очекуваните, така што ќе бидат и економските влијанија, вклучително и повисока инфлација и забавување на економскиот раст.
Цените на нафтата, пак, утрово дополнително паднаа, откако минатата седмица потонаа за повеќе од 10 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 2,49 отсто, на 63,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 2,56 отсто, на 60,40 долари.
Ова се најниските нивоа на цени од април 2021 година.
Падна и цената на златото. Нарушувањата на финансискиот и на стоковните пазари предизвикаа и пад на цената на златото. Утринава унцата поевтини за 0,3 отсто, на 3.027 долари, што е најниска цена на унцата во последните три седмици. Уште минатата седмица на златото се движеше на рекордно ниво, далеку над 3.100 долари.