Со новите продуценти, Џејмс Бонд е во „сигурни раце“, вели Хоровиц

Ентони Хоровиц, авторот кој го презеде пишувањето на романите за тајниот британски агент „со лиценца за убивње“ Џејмс Бонд од Иан Флеминг, рече дека франшизата е во „сигурни раце“ со новите продуценти.

Хоровиц, креаторот на измислениот тинејџерски шпион Алекс Рајдер и автор на три романа за најпознатиот агент на тајната служба, тврди дека поранешните продуценти на Бонд, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи направиле „грешка“ со тоа што го убиле ликот во минатато продолжение кога Даниел Крег ја напушти франшизата.

Во февраури „Amazon“ ја доби креативната контрола врз британската шпионска франшиза, по договорот според кој Броколи и Вилсон од „Eon Productions“ се повлекоа како продуценти.

Хоровиц го поздрави назначувањето на новиот продуцент Дејвид Хејман, кој работеше на сите осум филмски адаптации на книгите за Хари Потер на авторката Џ.К. Роулинг.

Претстојниот филм за „агентот 007“ на студијата „Amazon MGM“ ќе биде продуциран од Ејми Паскал, најпозната по филмовите на Том Холанд за суперјунакот Спајдермен.

„Мислам дека Барбара Броколи направи апсолутно брилијантна работа во годините кога беше на чело, но Дејвид Хејман е голем обожавател. Тој е човекот кој стои зад филмовите за Хари Потер и тој е веројатно нашиот најуспешен продуцент, не (само) во Обединетото Кралство, туку и во светот. И навистина мислам дека (филмот) со него и Ејми Паскал ќе биде во сигурни раце. Одвај чекам да видам што се случи“, изјави Хоровиц за BBC Breakfast во четвртокот.

„Мислам дека беше грешка, ако можам да кажам така, да се убие Бонд на крајот од последниот филм, и се зажалив што го видов тоа, бидејќи Бонд, не можеш да го убиеш, тој е икона. Тој е легенда. Тој е многу забавен. Тој беше голем дел од мојот живот. Но тоа е некој ви препрека која ќе мора да ја надвладееме, веројатно, претпоставувам, со целосно игнорирање на тој чин. Но она што е сигурно е дека одвај чекам да видам што следно ќе стори“, додаде Хоровиц.

Рече, исто така, дека смета оти „новиот актер многу брзо ќе ја купи публиката“ и го нарече „голем културен настан во оваа земја“.

Педесет иседумгодишниот Даниел Крег минатата година го имаше последното појавување како агент на британската тајна служба во „No Time To Die“, а неговиот наследник сѐ уште не е именуван.