
Во Русија се случи незапамтено злосторство во кое мајка со секира си ги уби трите деца.
Монструозното убиство се случи во градот Канск, кој се наоѓа во регионот Краснојарск, кој има нешто помалку од 100.000 жители.
На Телеграмскиот канал на Истражниот комитет на Русија за Краснојарската територија и Какасија беше објавено видео во врска со злочинот. За делото е осомничена биолошката мајка на децата, пријавено е дека мајката е осомничена за делото и дека е уапсена.
Инспекторите утврдиле дека на 14 април во Канск во приватна куќа на улицата Герцен биле пронајдени телата на четиригодишно девојче, осумгодишно момче и седуммесечно бебе. Сите жртви имале убодни рани на главата и на други делови од телото.
Против 29-годишната мајка на убиените деца е поведена кривична постапка. Осомничената веднаш била уапсена, судот во наредните денови ќе го разгледува прашањето за определување мерка притвор.
Руските медиуми објавија дека е уапсен психијатриски пациент, а таткото на децата бил регистриран како насилник бидејќи претходно било пријавено дека го претепал својот осумгодишен син.