
Фудбалерите на Наполи се доближија на три бода зад лидерот Интер со рутинската победа од 3:0 (1:0) на домашен терен против Емполи во последниот натпревар од 32. коло на италијанскиот шампионат.
Мектоминај постигна два погодоци, во 18. и 61. а Лукаку во меѓувреме во 56. минута беше стрелец за удвојување на водството на „небесносините“.
Второпласираниот Наполи сега има 68 бодови, додека Интер е на врвот со 71. Емполи останува претпоследен 19-ти со 24 бода, исто колку и 18-та Венеција, додека 17-то Лече, кој го држи последното место кое обезбедува опстанок, има два бода повеќе.