
-Изгледа дека новиот 17-ти мај доаѓа! „Граѓаните за Македонија“ во коалиција „За спас на Македонија“, напиша Пендаровски на својот Твитер профил.
Ваквите изјави го отвораат сомнежот дали наместо прифаќање на избори и разрешување на политичката криза во која СДСМ ја внесе земјата, партијата размислува за спроведување на нови црни сценарија за Македонија.
Јавноста сѐ уште го памети сценариото кое СДСМ го спроведе во мај минатата година. Протестите резултираа со насилство низ улиците, десетина повредени полициски службеници, повредени медиумски работници, искршени простории на медиуми, оштетена опрема и возила на припадниците на безбедносните полициски единици.
Граѓаните ги паметат и фотографиите кои ги објавуваа медиумите каде членови на СДСМ во партиските простории вежбаат со палки.
Вакво ли сценарио повторно подготвува СДСМ, за ваков ли 17-ти мај говори Пендаровски?