![katicajaneva-sjo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/katicajaneva-sjo.jpg?resize=600%2C323&ssl=1)
Јанева е само дел од луѓето кои важат за блиски до опозициската партија и кои жестко го нападнаа еврокмесарот по чија посета во Скопје стана јасно дека доаѓа крајот на манипулациите на СДСМ и Македонија оди на избори на 24 април, објавува порталот.
Професорката Мирјана Најчевска смета дека еврокомесарот Хан е декадентен.
За советникот на СДСМ во Град Скопје Петар Арсовски еврокомесарот Хан бил во договор со диктаторот.
Екс министерот на СДСМ Денко Малевски во колумна за соросвиот Плусинфо пишува дека Јоханес Хан бил површен.
И уредникот на истиот портал на СОРОС со речи си идентичен став. Героски во својата колумна пишува дека Хан не знаел ништо.
Дел од опозициските структури отидоа и чекор понатаму, пишува „Пресс24“. Саше Политико на својот портал објави колумна полна со навреди кон еврокомесарот нарекувајќи го „пролупан“.
Помалку гнев немаше ниту во коментарот на советникот на Оливер Спасовски за односи со јавност во МВР Тони Димитриевски кој не штедеше пцовки на социјалните мрежи.
И Јани Макрадули не се воздржа од коментари против Хан.
Како што се наближува денот до изборите во опозициската партија расте паниката поради очајната поддршка меѓу граѓаните и недостатокот на идеи кај раководството, коментираат експертите.