
Грчките земјоделци кои викендов ќе протестираат во Атина, поставуваат шатори на централниот плоштад Синтагма, пред Парламентот.
Претпладнево дојде до судир меѓу полицијата и земјоделците од Крит кои се собраа пред Министерството за земјоделство, но моментално ситуацијата е мирна.
Полицијата ги спречува тракторите да влезат во центарот на Атина, така што земјоделците блокираат повеќе улици и булевари околу центарот на градот и на самите приоди кон Атина,како и кон меѓународниот аеродром.
Од време на време се пропуштаат возила, но локалните власти предупредија дека сообраќајот во главниот грчки град и околината овој викенд ќе биде многу отежнат и со прекини кои не можат однапред да се најават