

– Инвестицијата од вкупно 20 милиони евра ќе се одвива во две фази, односно, 6 милиони евра ќе бидат инвестирани во првата, а дополнителни 14 милиони евра во втората фаза. Производствениот погон од вкупно 5.400 м2 кој почнува да се гради денес, ќе биде функционален уште во текот на оваа година.Хај-тек е компанија која е добавувач на голем број светски компании од автомобилскиот сектор. Произведува електронски печатени плочи како основа на која се вградуваат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори и транзистори. Производите од компанијата во целост ќе бидат наменети за странските пазари, во најголем дел тие ќе се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија, напиша Груевски.
Одлуката на компанијата е доказ дека поволностите кои се нудат во ТИРЗ за странските компании, поточно компаниите основани со странски капитал во целост важат и за домашните компании, односно постои рамноправност помеѓу странските и домашните инвеститори во однос на инвестирање во ТИРЗ, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.