Меѓу шестте починати пациенти од ковид-19 во болницарта во Тетово е и момче на 21 година, информираат од болницата.
Од 7 часот вчера до 7 часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.
Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе.
За преглед или контрола во амбулантата на Ковид центарот помош за 24 часа побарале 188 луѓе.