Медиумите кои учествуваат во вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжуваат со своето непринципиелно и неизбалансирано информирање во корист на Фабриките за афери од Бихаќка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ви го пренесуваме во целост соопштението
Телма и 24 Вести повторно ги прескокнуваат вестите со позитивни информации за македонските граѓани, исто како и оние во кои се зборува за криминалот на функционерите на СДСМ.
Овие медиуми пропуштија да го прашаат Петре Шилегов како со месечни примања од 11.000 денари се исплаќа кредит од 300.000 евра, односно одбраа да не известат за штетата од стотици илјади евра која е причинета на вандалските протести предводени од Заев, Шеќеринска и други функционери на СДСМ.
Но затоа на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ во еден блок на вести и дебатни емисии на Телма и 24 Вести им беа доделени 5.630 секунди.
За СДСМ избалансирани и фер новинари се оние кои не пишуваат за скандалозната „платеничка револуција“ туку ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа во само еден програмски појас за својата пропаганда од фабриките за афери. Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 153.504 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Порталите мегафони на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират лагите на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови произведени во фабриките на Чауш и Заев.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша.