Дваесет и четири годишник од Делчево утрово е лишен од слобода откако претходно бил пријавен за обљуба врз женско лице од Делчево. Случајот бил пријавен утрово во 1.30 часот од роднина на жената.
Во 06:45 часот полицијата го привела Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, тој извршил обљуба врз неа, се наведува во полицискиот извештај.
Обљубата, како што навело лицето кое го пријавило случајот, била извршена под закана.