Друштвото за трговија и услуги 24 МОНДИАЛЕ ДОО Скопје, е друштво во приватна сопственост, од Скопје, чија цел за основање е да развие софтверска платформа која со своите уникатни карактеристики на едно место ќе нуди веб информации и услуги за интеракција за различни фокусни и целни групи (новинари, политички партии, здруженија, бизниси, студенти итн.), преку што дополнително ќе се прошири слободата на говорот и демократизацијата на општествата.
-Нашата мисија е создавање понатамошен развој на отворено општество, демократизација на општествата, зголемување на слободата на говорот, охрабрување на граѓаните да учествуваат и да споделуваат различни настани во нивното конкретно општество, притоа добивајќи увид во последните случувања и информации/вести на глобално ниво.
Секоја социјална платформа на еден или друг начин поседува карактеристики кои ја диференцираат од секоја останата, а тоа не е различно и за нашата социјална платформа 24 МОНДИАЛЕ. Напротив, станува збор за плафторма сосема поинаква и поспецијализирана по однос на веќе постоечките, а сепак блиска со дел од карактеристиките кои им се омилени и потребни на корисниците.
Социјалната мрежа 24 Мондиале, е платформа наменета за: учество во теми од областа на општествените науки, науката, економијата, како и за вршење на научни истражувања. Во склоп на платформата корисниците може да креираат свои профили, да постираат свои статии (постови), да коментираат на истите, да ги споделуваат, да одберат дали им се допаѓаат или не, да станат пријатели и да се следат меѓу себе. Во склоп на групите за корисниците и за priority корисниците е овозможено и креирање на дуели. Дополнително предвидено е и креирање на анкети и интервјуа.
Станува збор специјализирана платформа која за своите корисници нуди вмрежување на посебен начин со аспект на префесионализам и услуги кои не ги нуди ниту една друга платформа.
Оваа социјална мрежа е наменета за унапредување на деловните и професионалните активности и за поттикнување на економскиот развој во земјата и поширокиот регион, платформа за зајакнување на процесот на владеење на правото и инклузивноста во сите аспекти на функционирање на општеството, како и за јакнење на дијалогот помеѓу сите чинители во општеството.
Платформата до сега, ја има поддршката од најеминентните членови на партиите, како и од истакнати имиња од професорската фела, од разни новинари, а што е најважно и од невладини организациии и студенти и студентски здруженија кои се двигател на современото општество.