„Идеја и дело – посилни од сè” е слоганот со кој ќе се одбележи роденденот на владејачката партија во сабота пред Музејот на ВМРО со почеток од 20 часот.
Пред Музејот на ВМРО, на 19.06.2016 со почеток во 20:00 часот ќе се одбележи 26-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, објавено е на ФБ профилот на партијата.
Партијата е идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.