Во својата колумна, тој ги анализира посетите на Никола Груевски и неговиот тим на Вашингтон и Берлин.
Колумната беше објавена во викенд изданието на „The Hill“, кој е највлијателен весник на политичкиот естаблишмент во Америка.
Нетпрес ја пренесува во целост неговата колумна:
Моќта на малите држави
Зошто една мала земја како Македонија е од интерес за САД?
Значаен факт е дека малите земји во Европа, како што се Македонија и Словенија преземат активности кои поголемите држави ниту ги иницираат. Овие земји и луѓето имаат претприемачки дух за да се изградат и да создадат бизниси и средини која го поттикнуваат растот и претприемништвото. Ајде да ја разгледаме Македонија затоа што нејзиниот лидер има планови како оваа држава да ја направи одлично место за бизнис и е подготвен да се врати на власт наскоро.
Република Македонија, мала земја во Источна Европа со население од 2 милиони жители многу брзо разви софистицирана економија и создаде силни странски сојузи откако ја доби својата независност во 1991 година. Денес, Македонија игра клучна улога во намалување на европската бегалска криза и ги пренесува потребите на бегалците до своите сојузници и до меѓународната заедница во целина.
Поранешниот премиер на Македонија и лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неодамна ги посети Вашингтони Берлин и се сретна со различни академици и дипломати за да дискутира за предизвиците со кои Македонија се соочува. Во Вашингтон, Груевски се сретна со клучните носители на одлуки и лидери, како што се претседателот Советот за надворешни односи, Ричард Хаси амбасадорот Венди Шерман, но други официјални претставници, експерти и професионалци од невладиниот сектор. Во Берлин, Груевски се сретна со државниот секретар Јенс Шпани Сојузниот министер Кристијан Шмит и други.
За време на средбите, Груевски ја позиционираше Македонија како значаен партнер на Германија и предложи нови начини за да помогне да се решат некои од проблемите поврзани со бегалската криза. Дискусиите истовремено ја опфатија и економската, политичката и социјалната иднината на Македонија и му овозможија на Груевски да ја потенцира меѓународната положба на Македонија пред најверојатниот неговиот реизборво декември.
Солиден политички лидер е некој кој може одлично да соработува со другите, а политичкиот и дипломатскиот успех се однесува на креирање и негување на културата на дијалог и зајакнувањето. Во текот на својата политичка кариера, г-динот Никола Груевски работел со голем број официјални лица, советници и меѓународни партнери и учејќи од грешките на другите, сфатил дека до успех се доаѓа преку компромис. Македонските официјални претставници мора да соработуваат со лидерите од целиот свет за да ја зајакнат оваа релативно мала држава и нејзините граѓани. Груевски ја разбира оваа идеја и го користи своето знаење за да постигне успех за време на настаните и состаноците во странство.
Некои од достигнувањата на премиерот Никола Груевски во последните неколку години покажуваат како тој почна да ја создава меѓународната положба на Македонија. За време на неговиот мандат како премиер, Груевски ја стимулираше економијата со што ја направи Македонија привлечна бизнис средина за странски директни инвестиции. Всушност, Светската банка во годишниот извештај “DoingBusiness” ја рангираше Македонија на 12-тото место во светски рамки и на 6-то место во Европа, на листата на држави за водење бизнис.
Македонската влада инвестираше во инфраструктурата и разви слободни економски зони со што и покажа на меѓународната заедница дека е земја која е отворена за бизнис. Како резултат на овие владини активности, Македонија стана популарна локација за странски директни инвестиции.
Комбинацијата на квалификувана работна сила, проактивна влада, како и соработка со странски инвеститори го обезбедија местото на Македонија во меѓународните деловни потфати. Резултатите се позитивни за сите.
Помеѓу 2009 и 2014 година, во Македонијастранските компании инвестираа 1,72 милијарди долари, од кои само во 2014 година,350 милиони долари. Според Светскиот извештај за инвестиции на УНКТАД за 2015 година, меѓународниот интерес за Македонија постојано расте.
Поттикнување на средина насочена кон бизнисот е неопходен чекор за Македонија да биде меѓу врвните главни пазари во развој во Европа. Како резултат на промовирањето на овие економски услови, Македонија стана број еден место за создавање на работни места од директни странски инвестиции по глава на жител, според Глобални локациски трендови за 2016 година, годишен извештај објавен во август од IBM, Институтот за бизнис вредности.
Во текот на својот развој, Македонија остана конкурентнапреку одржување на ниските даночните стапки, рамен 10% персонален данок на доход и рамен 10% данок на добивка. Ова дури беше и признато за најниска даночна стапка во светот.
Како што Македонија се движи напред кон новата година и новата глобална средина, земјата и нејзиното раководство треба да продолжат со динамика која што е развиена во изминатата деценија. Со продолжување по патот кон економскиот раст, зацврстувањето на својата репутација како центар за странски директни инвестиции, како и преземањето на силна водечка позиција во регионот, Македонија и Никола Груевски ја демонстрираат вредноста на Република Македонија и моќта во светот. Време на Македонија е сега. Истото може да се каже за другите мали држави, како Словенија.
Тантере претседател на Комисијата за политиката наИрани беше член на Националниот совет за безбедност во администрацијата на Реган и Буш.
Биографија:
РејмондТантер е професор во пензија на Универзитетот во Мичиген и поранешен висок член на Националниот совет за безбедноство администрацијата на Реган-Буш и е хонорарен професор на Институтот во Вашингтон кој работи на истражување на опциите на политиката на САД кон Иран.
Од 1981 до 1982 година, д-р Тантер ги опслужуваше вработените во Советот за национална безбедност и беше личен претставник на секретарот за одбрана во периодот од 1983-1984 за време на разговорите за контрола на оружјето кои се одржаа во Мадрид, Хелсинки, Стокхолм и Виена. Во моментов, тој е член на Советот за надворешни односи.
Д-р Тантер докторираше на Универзитетот во Индијана и предавал на Нортвестерн, Стенфорд, Универзитетот во Мичиген и на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Добитник е на Фулбрајтова стипендија на Универзитетот во Амстердам и бил соработник на Институтот Хувер и Меѓународниот Центар Вудроу Вилсон. Како научник престојувал во американската амбасада во Токио, држел предавања за сценаријата за прекин на производството на нафта, со посебен осврт на Блискиот Исток. Во Џорџтаун, тој ги следел обуките за Арапско-израелскиот конфликт, Меѓународните безбедносни прашања и Одбрана од балистички проектили. Како научник престојуваше во Институтот за Блискиот Исток во есента 2001 година.