Отворени „Денови на полска гастрономија“ во Македонија

гастрономија

Домаќин на настанот, кој започна вчера, а ќе трае до 4 ноември, е ресторанот „Пелистер“ лоциран на плоштадот Македонија во Скопје каде сите посетители ќе имаат можност да вкусат од многуте специјалитети карактеристични за полската кујна.

Дел од менито по повод манифестацијата се татарски бифтек, гради од патка со палачинки од тиквички, црвена зелка и сос од вишни, филет од сом со сливи и зелен зеленчук и многу други. Специјалитетите се приготвени од реномираниот полски готвач Матеуш Турај, инаку шеф на кујна во ерсторанот Мјодова во Краков.

120282620

Според организаторите, целта на манифестацијата е на македонските граѓани да им се доближат вкусовите и звуците карактеристични за Полска, за нејзината култура и традиција. Воедно, ги покануваат сите оние кои би сакале да уживаат во автентичните полски јадења и полската музика да ја искористат оваа прилика да бидат дел од гастрономското патување во Полска.

Со цел поддршка и промоцијата, како на полската култура така и на полскиот јазик во земјава, во рамките на манифестацијата „Денови на полската гастрономија“ Почесниот Конзул на Р. Полска во Р. Македонија додели стипендии за студентите на Катедрата за Полски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, информираат од Полската амбасада.