Поранешниот воен пилот и американски сенатор, умрел во една болница во градот Колумбос, во сојузната држава Охајо, каде пред седум денови бил префрлен на лекување.
Не е соопштено која била причината Глен да биде префрлен на болничко лекување.
Тој ќе остане запаметен по неговата „историска“ обиколка на земјината топка, во 1962 година, во капсулата „Пријателство“, но и по големиот подвиг што го направи 36 години подоцна.
Во 1998 година, Глен на 77 годишна возраст, одново леташе кон вселената, како еден од членовите на екипажот на спејс-шатл програмата, со што стана најстариот човек во светот кој престојувал во вселенскиот простор.
По заминувањето од НАСА, Глен се префрли во американската политика и беше 25 години сенатор на Демократската партија.
Во 1984 година, учествуваше и во трката за номинација за тогашните претседателски избори во САД.
Џон Глен е роден 1921 година во Охајо.
Како воен пилот учествувал во Втората светска војна и во Корејската војна.