30 години политика, 0 резултати – Лимпе го „подбра” Макрадули

Лимпе, познатиот лик од социјалните мрежи, реши да го „зачини“ денот со остри и саркастични критики кон Јани Макрадули. Според него, Макрадули е „мајстор“ за 30 години политика без ниту едно значајно дело.

„Привезок на Радмила Шекеринска, уништувач на Македонски Пошти, и синоним за бескрајна корупција. Непрепознатлив лик кој ја цица државата до последната капка,“ стои во објавата на Лимпе.

Ова доаѓа како одговор на саркастичната изјава на Макрадули за состојбите во Западен Балкан, каде тој, меѓу другото, се осврна на „кластерите“ и попустите за елитна облека.
Лимпе, пак, одлучи да потсети на неговата „блескава кариера“, полна со, како што рече, „успеси што никој не ги памети“.