34.393 денари за преживување во септември, а синдикалната кошничка поскапа за 50 денари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август.

Според Сојузот на синдикати, кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошница, во септември минималните трошоци изнесувале 34.393 денари што во споредба со август претставува зголемување за 51 денар.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.

Синдикалната минимална потрошувачка кошничка се однесува на четиричлено семејство кое нема автомобил.