Парлментот утре во 11 часот треба да ја почне 32-та седница на која на дневен ред ќе се најде Законот за употреба на јазиците во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик а кој беше вратен од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања.
Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предидениот рок и го стави на повторно гласање, а за законот се поднесени и рекордни над 32.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.