„Реал Мадрид“ подготивил понуда од 225 милиони евра до „Челси“ за капитенот на репрезентацијата на Белгија, Еден Азар и неговиот клипски и репрезентативен колега, голманот Тибо Куртоа.
Азар со добрите игри на Мундијалот во Русија, каде Белгија го освои третото место, само ја зголеми цената на пазарот, а Куртоа, кој беше прогласен за најдобар голман, не ја крие желбата да се врати во Мадрид каде живее неговото семејството.
Каде што ќе замине Азар, таму заминувам и јас. Ние не се разделуваме, изјави Куртоа по победата над Англија во малото финале.
Азар по натпреварот со Англија во мечот за третото место на СП најави дека би можел да го напушти „Челси“.