ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништво, сега својата деструкција сака да ја покрие со измислување непостоечки скандали и поради децениското криминално владеење, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, провизии, наместени тендери и расипништво, вели владејчката партија.
Претходно портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, го обвини вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев дека „ја потценува интелегенцијата на граѓаните додека ги полни своите фирми и фирмите на своите најблиски со тендери“.
„Политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика токму на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.
Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од таквото криминално владеење.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ. Опозициската партија измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема за да го покрие деструктивното работење против македонската иднина. Креираат невистини со цел да ја манипулираат македонската јавност. Компанијата која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја спомена,ниту земала, ниту ќе земе средства од Фондот за иновации и технолошки развој.
Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, се обезбедуваат еднакви услови за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.
Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема видливи активности за избегнување конфликт на интерес“, велат од владејачката партија.