На Филипини запленета дрога вредна над 640 милиони долари

Bureau of Customs commissioner Isidro Lapeña and PDEA Director General Aaron Aquino extract the alleged shabu worth P3.4 billion inside steel cases during a press conference at the Manila International Container Port (MICP) in Port Area, Manila on August 7, 2018. Photo by Ben Nabong/Rappler

Филипинските власти заплениле во средата 500 килограми метамфетамин во една од најголемите заплени на дроги од 2017 година.

Нелегалната пратка со дрогата, чијашто вредност е проценета на 641,5 милиони американски долари, е откриена во вторникот во напуштен контејер кој пистигнал во филипинската престолнина Манила на 28-ми јуни од Малезија, соопшти царинската управа на Филипини.

Контејнерот во предвидениот рок не го преземал примачот, поради што царината го прогласила за напуштен, соопшти шефот на царината, Исидоро Лапена.

Метаммфетаминот, локално нарекуван шабу, бил сокриен во две магнетско кревачи, кои се користат како опрема на депониите. Како содржина на пратката, инаку, биле пријавени рамки за врати.

„Ова е најголемата запленета прат, откако јас сум на чело на царинската управа од август 2017-та“, истакна Лапена. Запленетата дрога е предадена на Филипинската агеднција за сузбивање на дрогите, додаде.

Филипинската влада води безмилосна кампања против дрогите во земјата, што резултира со смртни слуачи на повеќе од 4.200 луѓе во полциискитѕе операции од јули 2016 година, според официјалните податоци. Организацијата за човекови права Human Rights Watch, пак, вели дека врз основа на процените на локалните здруженија за заштита на човековите права вистинскиот број на мртвите би можел да биде и поголем од 12.000, клучително и жртви на платени убијци или самонаречени извршители на правдата.