Фудбалерите на Реал Соsиедад од Сан Себастијан со 3:1 (1:1) беа подобри од Атлетик и тоа во Билбао во баскиското дерби кое беше првиот дуел од осмото коло на шпанското фудбалско првенство.
Два гола за гостите од пенал постигна Микел Ојаразабал, во 30 и 74 минута, а во 47-та меѓу стрелците се запиша и Лука Сангали, додека голот за домашните го постигна Икер Муниаин во 32 минута.
Реал Сосиедад сега е на седмото место со 11 бодови, додека Атлетик Билбао и натаму е во опасната зона на 16-то место со седум бодови. Во водство е шампионот Барселона со 14 бодови колку што има и вториот Реал Мадрид, а ги следи Севилја со 13 бодови. Четвртиот Атлетико Мадрид и петтиот Бетис имаат по 12 бодови, а следат Алавес, Еспањол со по 11 бодови.
Во саботата Реал Мадрид ќе му гостува на Алавес, а во другите судири ќе се сретнат Жирона – Еибар, Хетафе – Леванте и Леганес – Рајо Ваљекано. Во недела играат Вајадолид – Хуеска, Атлетико Мадрид – Реал Бетис, Еспањол – Вилјареал, Севилја – Селта Виго, а актуелниот шампион Барселона во последниот дуел од колото ќе гостува кај Валенсија